34.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Истрага против две лица за недозволено поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени за кривично дело недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 16 мај, во автомобил „бмв“, со скопски регистарски ознаки, осомничените на возраст од 35 и 34 години, заеднички неовластено држеле поголемо количество оружје и муниција – три пиштоли „црвена застава М57“, со соодветни рамки, и 21 куршум.

Оружјето и муницијата биле пронајдени при претрес на автомобилот на улицата Кичевска во ќеса пред предното совозачко седиште. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени оценувајќи дека во целост се исполнети законските основи.​