26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографијата е илустративна
МАКЕДОНИЈА

Речиси секој ден горат автомобили – експерти откриваат некои од причините

Речиси секој ден сме сведоци како гори најмалку по еден автомобил.

Причините се многубројни – водата влегува во електрониката, доаѓа во допир со жиците, пожар може да избие и кога не работат светлата и климата. Возилата често се запалуваат поради непрофесионални модификации, предупредуваат експертите, кои советуваат како сето тоа да се спречи.

Звучи апсурдно, но водата е најчеста причина за пожари на автомобили.

Според некои експерти водата влегува во електрониката, доаѓа во допир со жиците, ја зголемува отпорноста, а кога ќе го вклучиме парното може да дојде до пожар.

Пожар може да избие дури и кога светлата и климата не работат. Затоа сè треба редовно да се проверува. Електрониката во автомобилот е под постојан напон.

Не е важна годината на возилото, ниту сезоната, нема правила. Пожари секогаш има и зима и лето, а од искуство честопати се запалуваат возилата поради нестручни модификации без мајстор, велат експертите.

Фактот дека противпожарните служби гаснат десетици пожари на автомобили секоја година е предупредување.

Со оглед на тоа дека се потребни шест до седум минути за да изгори возилото, апаратот за гаснење пожар треба да биде задолжителен во секој автомобил.

Овој апарат може успешно да го изгасне секој појавен пожар.

Според експертите првиот совет кога ќе забележите пожар е да го исклучите возилото, да го ставите во брзина и да го кренете прирачникот. После тоа, излезете, обидете се да го изгаснете со апаратот и задолжително повикајте 193 пожарникари.

Сепак, нема сигурни знаци кои укажуваат дека ќе има пожар во возилото, но доколку за време на возење почувствувате мирис на горење или крцкање, најдобро е да го однесете автомобилот кај механичар.

Најбезбедно и единствено решение е редовното одржување.