„Сите законски измени се во насока за да се подобри и да биде проектот поевтин, да се заштедат средства и време. Околу 150 милиони евра ќе чини проектот повеќе ако не се донесат овие пет закони“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека тоа се 150 милиони причини плус да се донесат измените за проектот да се заврши за четири години и седум месеци.
„Ова што го гледаме е матирцата на ВМРО-ДПМНЕ. Кога случуваа договор со Кинезите, слушнавеме и во бомбите, а има и постапка за тоа, дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ бараа провизии. Од таква матрица тие гледаат и сега и мислат дека само така се функционира“ рече Каевски.
Пратеникот додаде дека добро е да се отворат прашања и да се разговара за сите проблеми, но не е добро да се саваат дамки и опструираат проекти и компании, само поради нивната неодговорност.