На почетокот од летово Бехтел тргнува во офанзива во реализација на проектот за Коридорите8 и 10, каде што изведувачот Бехтел и Енка започнува со изработка на проекти, на урбанистички на основни проекти, со цел да започне и постапка на експропријација на земјиштито кое што е приватно.
Директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми неодамна соопшти дека изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10д почнува во јули.
„Истовремено ќе почнеме од Гостивар кон Бојкочане и од Гостивар кон Тетово, но и Прилеп – Битола. Потоа ќе почнеме со Требеништа – Струга – Ќафасан. Тоа ќе биде во декември оваа година“ – соопшти Рустеми.
Тој додаде дека првите проекти се очекува на маса да бидат во јуни, по што би биле разгледани и одобрени а изградбата на автопатите да почне кон крајот на јули.
Проектот за коридорите е од исклучително значење за подигнување на нивото на квалитетот на патната инфраструктура.
Преку делниците од коридорите 8 и 10д, Северна Македонија станува уште позначајна регионална и транспортна рута.
Од Битола до Прилеп ќе се патува за дваесетина минути на ултра модерен автопат
Конзорциумот „Бехтел и Енка“ која потпиша договор со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за изградба на четири автопатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10 д во наредните пет години. Изградбата ќе чини 1,3 милијарди евра.
Со договорот се опфатени автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( над 17 километри) и на делницата Прилеп – Битола (40 километри) од Коридорот 10- д.
Пресметките се дека за 20тина минути ќе се стигнува од Битола до Прилеп, доколку се почитуваат сите сообраќајни знаци по ултра модерен автопат.
Проектот е од исклучително значење за подигнување на нивото на квалитетот на патната инфраструктура.