Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

„Евростат“: Седум отсто од населението на ЕУ не може да си ги загрее своите домови

Речиси седум отсто од жителите на Европската Унија во 2021 година не можеле соодветно да си го загреат својот дом, покажуваат најновите податоци објавени од „Евростат“. Меѓу земјите членки на ЕУ тој процент се движи од 1,3 отсто во Финска до дури 23,7 отсто во Бугарија.

Најновите статистички податоци се однесуваат на периодот пред енергетската криза и препорачаните заштеди на енергија што ги промовира ЕУ минатата година за да се намали зависноста од рускиот гас.

Кога станува збор за достапноста на топлинска енергија, ситуацијата во текот на 2021 година варираше во сите земји на ЕУ, при што најголем удел на луѓе што не може соодветно да си го загреат домот е забележан во Бугарија (24 %), Литванија (23 %), Кипар (19 %), Грција (18 %) и Португалија (16 %).

Спротивно на тоа, најмал процент е забележан во Финска (1 %), како и во Шведска, Словенија и Австрија, каде што проблемот е забележан кај помалку од два отсто од населението.

Најновите статистички податоци за условите за домување покажуваат дека вкупно 17 отсто од луѓето, односно речиси секој петти Европеец живее во преполн стан, а секој трет под кирија.

Постојат значителни разлики меѓу земјите-членки на ЕУ во однос на стапката на пренаселеност, која е поголема од 30 отсто во Словачка (31,2 %), Хрватска (34,4 %), Полска (35,7 %), Бугарија (37,9 %), Романија (41,0 %), и во Латвија (41,3%).

Стапката на преоптовареност со трошоците за домување во 2021 година бил во просек 8,3 % за населението на ЕУ, но и поголем во земјите како Германија (11 %), Бугарија (11,6 %), Холандија (12,5 %), Данска (15,5 %), и Грција (28,8 %).

Во 2021 година 69,9 отсто од жителите на ЕУ поседувале сопствени станови. Тој удел значително се разликува меѓу земјите членки на ЕУ: почнувајќи од 49,1 отсто во Германија, 54,2 отсто во Австрија и 59,2 отсто во Данска до 90,5 отсто во Хрватска, 91,7 % во Унгарија, 92,9 % во Словачка и 95,3 % во Романија.

Секој трет Европеец (30,1 % од населението на ЕУ) живее под кирија. Меѓу земјите членки учеството во шест земји членки е повисоко од тој просек: Кипар (30,2 %), Шведска (35,1 %), Франција (35,3 %), Данска (40,8 %), Австрија (45,8 %) и Германија, со дури 50,9 отсто.

Секој петти Европеец – или 20,2 отсто од популацијата на ЕУ – живее во станови под кирија според пазарната цена.

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе