26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски потсети на големиот граѓански протест против владеењето на Груевски и порача: Успеавме да ја вратиме државата на граѓаните (ВИДЕО)

Фејсбук статус на Оливер Спасовски:

На 17-ти мај, недела, во 14:00 часот, во главниот град на Македонија, започнува голем натпартиски граѓански протест против насилното, сурово, криминално владеење на Никола Груевски.
Ги повикуваме граѓаните, Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи, ги повикуваме сите кои и мислат добро на Македонија да се приклучат на големиот протест.
Заедно, обединети, здружени, да испратиме порака до Никола Груевски, човекот кој ја уништи сегашноста и ја загрозува иднината на нашата татковина, дека мора да си замине.
Заедно да излеземе на голем мирен протест против мрачните сценарија и обиди за дестабилизација на Македонија.
Обединети против насилството и криминалот на нелегитимната власт на Никола Груевски и неговите соработници.
Здружени за враќање на европските вредности и мирот во Македонија.
Готово е Груевски.
Македонија крена глава.
Во недела, во Скопје, почнува враќањето на слободата и демократијата.
12.05.2015
– – –
Како тогашен Генерален Секретар на СДСМ ги повикав сите слободумни граѓани на сенароден граѓански протест за да ја вратиме државата назад на граѓаните и можам слободно да кажам дека во тоа сите заедно успеавме.
Веќе 8 години сите заедно ја водиме државата напред – од заробена и небезбедна држава, без слобода на говор, без почит на човекови права – до најбезбедна држава на Западен Балкан, во друштво на 36-те најбезбедни во светот. Заедно создадовме Едно општество за сите граѓани.
Ценети и рамноправни со најмоќните во НАТО, создадовме пријатели и партнери од Европа и светот. Поддршката која доаѓа од САД и европските партнери е исклучително значајна поддршка за иднината на земјата.
Заедно обединети сме и на патот кон ЕУ, продолжувајќи ги реформските процеси и внесувајќи ги највисоките европски вредности во секоја пора од општеството – затоа што и ова е заедничка одговорност, заради доброто на идните генерации.🇲🇰