Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции минување на затворен сигнал (црвено светло)…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.