Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен разбојник од Скопје, против него е поднесена кривична пријава

СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против С.И.(63) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 02.03.2023 во казино на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот со закана со пиштол кон вработениот одзел пари од дневниот промет. По преземени мерки и активности тој бил лишен од слобода и со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом.

Со кривичната пријава С.И. бил изведен пред судија на претходна постапка, од чија страна на лицето му е одредена мерка домашен притвор.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +