Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Подгответе се: Следува драстична промена на времето – Кога да очекуваме стабилизација?

Утре и во четврток времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, а на места ќе има повремени врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Утре локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во петок и сабота ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.

Во Скопската Котлина времето до четврток ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, особено денес и утре.

Прогноза за 18.05.2023
Минимална температура: 8°C до 12°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 19.05.2023
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 18°C до 26°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.05.2023
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Апасиев: Коцевски го изгуби легитимитетот – изгласана интерпелацијата поднесена од Левица

ДЕСК

Средба на Сиљановска-Давкова со Рашид бин Саид Ал-Хајарин, вршител на должност во Амбасадата на Катар

ДЕСК

Прво се заканил дека ќе му ја запали викендицата, потоа се обидел да подметне пожар – Истрага за тешко загрозување на општата сигурност со пожар во Струмица

ДЕСК