Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Ковачевски на Совет на Европа: Северна Македонија активно придонесува кон колективната одговорност за мирот, демократијата и човековите права

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во рамки на учеството на Самитот на Советот на Европа, во Исланд, даде изјава за медиумите.

Во продолжение Ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Ковачевски:

„ Чест ми е што денес присуствувам на Самитот на лидери на Советот на Европа. Овој Самит доаѓа во еден исклучителен момент кога фундаменталните вредности на кои почива Советот на Европа, а тоа се демократијата, владеењето на правото, посебно на меѓународното право, заштитата на правата на луѓето се доведени во прашање после воената инвазија на Русија над Украина.

Северна Македонија како земја која што секогаш ги негувала и која секогаш ги застапувала овие фундаментални права е дел од овој Самит и јас ќе учествувам во дебатата утре како и на округлата маса на која што е тема токму владеењето на демократијата, унапредувањето на демократијата меѓутоа и начинот на кој да и помогнеме на Украина да се избори за својата слобода, за правото на самоопределување на граѓаните на Украина да имаат своја држава која што ја уредуваат според нивните демократски принципи.“

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од ноќеска еќ изнесува 80 денари од литар. За еден денар се намалува и цената на Еуросупер 98 и… Повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе