Од денеска 18-те партиски комисии почнуваат со конкретна теренска активност – тематски трибини како оваа денеска за енергетика „Резултати што прават разлика“, кажа заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината посветена на енергетиката.
-Нема подобар начин да се покаже испорачаниот резултат од една страна и зајакнатиот кадровски потенцијал на партијата од друга страна освен веднаш да се почне со работа. Ја испраќаме пораката дека СДСМ е тука за граѓаните и СДСМ ќе продолжи да работи за доброто на народот и на државата. Изминатите години во кои ја предводиме власта во државата, навистина направивме резултати во сите полиња. Тоа се резултати кои ја покажуваат разлика помеѓу нашиот пристап и однос кон граѓаните и државата наспроти односот на нашите политички противници, рече Лукаревска.
Таа додава дека парите во време на ВМРО-ДПМНЕ се трошеа на стиропор кој денеска се распаѓа, на бронза, на бикови и жални врби, а денеска парите завршуваат назад кај граѓаните.
-Минималната плата беше едвај 8.000 денари, а во некои сектори и помала. Денеска минималната плата е 20.000 денари и ќе продолжи да расте. Просечната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ беше 20.000 денари. Денеска просечната плата е над 34.000 денари и ќе продолжи да расте. Пензионерите се злоупотребуваат со мали покачувања само пред избори. Денеска пензиите растат, СДСМ ги зголеми за 25% само за една календарска година и ќе продолжат да растат за сите 330.000 пензионери. Во инвестициите имаме рекордно највисоки нивоа ѓ директни странски инвестиции откако постои независна Македонија, лани имавме 650 милиони евра. Пред неколку денови се потпиша договор за нова странска директна инвестиција вредна 205 милиони евра, што е најголема странска инвестиција во независноста на нашата држава.