15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Започна реализација на коридорот 10, нема да дозволиме блокади – велат од СДСМ

Сооптение на СДСМ:

Започна реализацијата на автопатот на коридорот 10 на делницата Прилеп – Битола, кој претставува национален и стратешки интерес, капитален проект од огромно значење за сегашните и идните генерации.

Со изградбата на Коридорите 8 и 10Д се зајакнуваат транспортните врски со целиот регион, нашата држава се поврзува на исток и запад, со пристаништата во Драч и Бургас, станува вистинска крстосница на Балканот.

Овој капитален проект, очекуван повеќе од 30 години, отвора околу 8.000 нови работни места, најмалку 600 милиони евра за домашните компании, голем поттик за развој на економијата.

Инвестициите во патната инфраструктура се влог во иднината, унапредување и олеснување на животот на граѓаните, поефикасна работа на компаниите.

СДСМ нема да дозволи блокади. Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ќе бидат поразени.

Можеби ќе ве интересира

Бујар Османи ја претстави програмата за спорт: Модерна спортска инфраструктура, финансиска поддршка за спортистите и нови спортски клубови

C +

Изминатите два дена 1455 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 348 за брзо возење

C +

СДСМ: Владата да не ја штити Михајлов туку да ја разреши, за милионските скандали со Еразмус+ мора да има одговорност

C +