Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Имаме одлична усогласеност во Поглавје 24 – правда, слобода и безбедност, но треба уште да правиме во животната средина

„Имаме во секој кластер области каде што сме добри и каде што сме полоши. Првиот кластер, ако треба да споменам е Темелни вредности, таму сме добро усогласени, особено во Поглавје 24 – правда, слобода и безбедност. Во Вториот кластер којшто е Внатрешен пазар, кај што се клучните четири слободи, таму имаме уште многу работа, далеку сме од целосна усогласеност. Имаме области, како што се Заштита на потрошувачи, каде што сме добри, имаме добра законска рамка“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за ТВ21.

Тој додаде дека има уште работа и во Поглавјето 23 за правосудство и темелни права, како и во делот за транспорт и зелена агенда.

„Не го гледам тоа дека не сме добри, туку дека има уште многу да се направи. Зелената агенда е една од најскапите политики за имплементација, ни треба многу вложување, но и време за да бидеме добри и усогласени со ЕУ“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека во Брисел се чувствува високо ниво на почит кон политиките на Владата и во напорите што ги прави целото општество и држава изминатите неколку години, поради што сме посочувани како добар пример.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Вечерва Македонија избра луѓе што веруваат во работа, оваа убедлива победа не е крајот, затоа ветуваме дека ќе работиме уште повеќе

ДЕСК

Филипче: СДСМ победи во 3 општини во прв круг, води во десетина и влегуваме во втор круг во дваесетина општини

ДЕСК

Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

ДЕСК