24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

Герасимовски: Инспекцијата спречи незаконско градење на Водно

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, постапувајќи по пријава од граѓани заедно со инспектори од Секторот за инспекциски работи, денеска излезе на терен на Водно, каде што се забележани градежни дејства. Станува збор за четири парцели во приватна сопственост, кои се надвор од детаљниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја.

„На оваа локација не е предвидена никаква градба затоа веднаш е донесено решение за стопирање на градежните активности, а сопственикот е повикан во Општината, каде што ќе бидат утврдени следните чекори. Им се заблагодарувам и на жителите за пријавата по која веднаш постапивме. Нема да дозволиме непочитување на законите и уништување на зеленилото поради нечие самоволие“, рече Герасимовски.

Тој повторно потсети сопствениците да парцелите на Водно да не се излетуваат и ги прекршуваат законите. Онаму каде што не е предвидено не смее да се гради, Водно останува на граѓаните, порача Герасимовски.