26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Албанка, Русинка и Белорусинка злоупотребиле туристички престој, затекнати во угостителски објекти во Тетовско

Во периодот од 23.35 часот на 10 мај до 1.35 часот на 11 мај полициски службеници од СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државниот трудов инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителски објекта во тетовско Горно Седларце и тетовско Жеровјане.

Во објектот во Горно Седларце, сопственост на А. А. (32) од тетовско Боговиње, биле затекнати Д. Р. (31) од Република Албанија и А. П. (38) од Белорусија, а во објектот во Жеровјане, сопственост на Х. А. (33) од Боговиње, 32-годишната К. В. С. од Русија.

Трите странски државјанки се приведени поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта по што се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци.