Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Ученик од штипската гимназија се заканил со пушка – полицијата е во училиштето!

Полицијата е на влезовите од гимназијата „Славчо Стојменски“ откако ученик од четврта година на Инстаграм споделил порака дека ќе дојде со пушка на училиште, објавува ММС.

Во моментов полицијата, службите, родителите и ученикот се на разговор во училиштето, потврди директорот Марјан Арсов.

-Во текот на вчерашниот ден имаше дојави од странки дека има закана на социјалните медиуми од еден ученик, кој го даде алармот до нас. Ние ги презедовме сите мерки. Беа повикани целата служба, родителите, ученикот. Моментално е тука полиција, разговараме, состојбата се држи под контрола. Ги повикуваме родителите совесно мирно да ги пуштат децата на училиште, најверојатно невкусна шега, изјави Арсов.

Ова е прва ваква закана во некое штипско училиште. Се очекува и полицијата да извести за случајот.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе