Не само што успеавме да се справиме со енергетската криза туку економскиte резултати се најдобар показател за успешноста на нашиот економски социјалдемократски модел со кој поставивме основи за понатамошен економски раст и зголемување на платите и пензиите, порача денеска во Струмица заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на маалска средба во рамки на караванот „Рамо до рамо, до победа“.
– СДСМ по сите економски параметари има подобар резултат од ВМРО-ДПМНЕ. Минатата година, во време на светска економска криза, забележавме рекорден износ на странски директни инвестиции од околу 760 милиони евра, а тој тренд продолжува и во оваа 2023 година. Се отвораат нови и добро платени работни места. Ја зголемивме минималната плата на 20.175 денари, просечната на 34.000 денари, пензиите пораснаа за 8,4 отсто, а во тек е и исплатата на Мој ДДВ со зголемен лимит од 2.100 денари. Ние парите ги насочуваме кон граѓаните. Македонската економија е стабилна, развојна и конкурентна. Со економските политики на СДСМ создадовме услови за понатамошен економски раст и ново зголемување на платите и пензиите, порача Лукаревска.
Ставаме крај и на големите камати и на заработката од тие камати, додаде Лукаревска.
-Со предложените законски измени кои ги поднесе СДСМ отсега па натаму ниту еден наш сограѓанин нема повеќе да биде доведен во ситуација да плаќа камата поголема од долгот. Со еден праведен пристап во интерес на граѓаните спречуваме некој да профитира на грбот на народот. Со ова исполнуваме уште еден дел од програмата со што нудиме заштита и правичност за граѓаните, рече Лукаревска.
Заменик претседателката се осврна и на разликата во работата на градоначалниците од СДСМ и оние од ВМРО-ДПМНЕ.
– Додека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги бетонизираат и задолжуваат општините, ги покачуваат комуналните услуги, а барањата на граѓаните ги игнорираат, градоначалниците од СДСМ посветено работат за своите општини. Најдобар пример за тоа е Костадин Костадинов со кога Струмица, станува првата општина со целосно електричен јавен превоз, општина кој вложува во секое населено место и нуди можности младите луѓе да останат тука, порача Лукаревска.