16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото СДСМ
+МАКЕДОНИЈА

Рамо до рамо до победа во Валандово, Босилово и Василево: Градиме партнерски односи со земјоделците, нова мерка за набавка на опрема до 10.000 евра

Теренските активности на СДСМ, „Рамо до рамо до победа“ продолжија и денеска со средби на тимовите на СДСМ со граѓаните во општините Валандово, Босилово и Радовиш.

Членот на ЦО на СДСМ, Љупчо Николовски денеска во Вландово, истакна дека СДСМ гради партнерски односи со земјоделците и заедно со нив креира мерки за унапредување на оваа стопанска гранка.

Први во регионот започнуваме со имплементација на ИПАРД 3 програмата, субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно, а сега ќе започне и авансна исплата, за земјоделците да ги добијат парите кога им се најпотребни, исто така го продлживме рокот на договорите за закуп на земјоделско земјиште од 5 на 15 години, истакна Николовски и се осврна на најновата мерка за креирање на бизнис план во земјоделството, за која веќе е објавен првиот повик

Поддршката е во форма на кофинансирање во висина до 10.000 евра по корисник и истите можат да се искористат за набавка на земјоделска механизација, пчеларска опрема, силоси, опрема во објекти за производство на храна од животинско или неживотинско потекло, опрема за навигација и смарт земјоделство на постоечки трактори, комбајни и приклучна механизација, машини за разбивање на мраз, инвестиции во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, опрема за производство на тутун, како и набавка на хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство, рече Николовски, додавајќи дека СДСМ секогаш стои рамо до рамо со земјоделците, го почитува и вреднува нивниот труд.

Со граѓаните во општина Босилово, во рамките на караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ се сретнаа Членката на ЦО на СДСМ Славица Грковска, која заедно со Фарук Омери се осврна на државничките политики на СДСМ, со кои Македонија од заробена држава, стана членка на НАТО, по 17 години тапкање во место ги започна преговорите за членство во ЕУ, со заштитен македонски јазик.

Станавме членка на НАТО, водиме проговори за членство во ЕУ и ја обезбедуваме иднината на државата. Сето тоа носи придобивки и за граѓаните, носи зголемени странски инвестиции, пристап до нови европски фондови и повеќе пари во македонската економија. Ние, како одговорна партија, заслужна за секој национален успех до сега, заедно со вас граѓаните, продолжуваме по европскиот пат, порача Грковска.

Со граѓаните на Василево рамо до рамо беа Каја Шукова и Наумче Мојсовски.

Успешно се справивме со енергетската криза, која клекна на колена и многу поголеми економии од нашата, и успешно реализираме енергетски политики особено во обновливи извори на енергија, за само 15 месеци се инсталирани 192 мегавати „зелена енергија“, со зголемено производство на електрична енергија од домашно производство на дело ги демантиравме заплашувањата од опозицијата дека струја нема да има, дека ќе мора да има рестрикции, истакна Шукова.

Спонзорирано: