Караванот на СДСМ, „Рамо до рамо до победа“ денеска беше и Радовиш и Ново Село.
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во разговор со граѓаните на Радовиш, се осврна на државнички политики на СДСМ кои носат напредок на земјата, истакнувајќи ја притоа и силната поддршка со стратешкиот партнер САД.
-Исклучително важна за нас е пораката дека САД силно ќе ја поддржат европската иднина на земјава, реформите и чекорите за полноправно членство во ЕУ. Тоа е уште една потврда за исправните политики на СДСМ но и за вистинскиот правец по којшто ја движиме земјата. Оваа поддршка од САД доаѓа во период кога веќе успешно тече скрининг процесот а потребни се чекори во македонското Собрание за продолжување на преговорите со ЕУ до полноправно членство. Членството во ЕУ значи подобар животен стандард, ама и значи подобро образование, нови шанси за младите, пристап до фондови за подобар, европски систем со нови и добро платени работни места дома, во нашата татковина, истакна Богоев.
И додека поддршката за продолжување на европскиот пат доаѓа од најважните стратешки партнери и сојузници на земјава, на нашата домашна политичка сцена против ЕУ се Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, кои како антиЕУ и антиНАТО политичари го блокираат и опструираат секој напредок за граѓаните и државата, додаде Богоев.
-СДСМ е заедно со вас граѓаните, рамо до рамо и заедно ќе ги порази деструкциите на двоецот Мицкоски-Апасиев, порача Богоев, во Радовиш.
Во Ново Село рамо до рамо со граѓаните беа членот на комисијата за земјоделство на СДСМ Гоце Георгиевски, заедно со Борче Хаџиев, кои ја нагласија грижата на СДСМ за сите земјоделци, но и за сите граѓани и нивниот стандард.
-Ние вложуваме во земјоделството и вистински се грижиме за земјоделците. Воведовме нов модел на субвенционирање, но за прв пат воведовме и жените земјоделки за да можат да користат платено отсуство за мајчинство. Преку посебна програма, жените земјоделски се стекнуваат со право за користење финансиска поддршка за мајчинство, со финансиска поддршка во износ од 81.000 денари. Со нашите политики ги мотивираме земјоделците, да произведуваат повеќе а нивниот труд да биде вреднуван и почитуван. Пред неколку години, имавме едвај 40 винарии, производители на вино, наш традиционален квалитетен производ и бренд. Само две години откако ги направивме измените во Законот за вино и овозможивме регистрација на мали семејни винарии, бројката на регистрирани винарии е над 200. Денеска сме први во регионот по извоз на флаширано вино а на 29 место во светот. Тоа го носат вистинските политики, рече Георгиевски.