10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Дезинформација на ТВ Алфа за наводно неоддавање почит од власта за загинатите од „Диво Насеље“

Дезинформација на Алфа Телевизија за наводно неоддавање почит од власта на осум години од трагичната вооружена престрелка во кумановско Диво Насеље, пишува Фронтлајн.

„Без никакво оддавање почит од власта и Општина Куманово се одбележуваат осум години од трагичната вооружена престрелка во кумановско Диво Насеље, каде животот го загубија осум припадници на македонската полиција“, се вели на почетокот од текстот на Алфа Телевизија со наслов „Осум години Диво Насеље: Годинава никој од Владата и Општина Куманово не им оддаде почит на жртвит“.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како што објавија и повеќе медиуми, на денот на одбележувањето на годишнината од убиството на осумината полицајци во кумановското „Диво Насеље“, положи свежо цвеќе на гробовите на починатите припадници на специјалните полициски единици.

Делегација од МВР, предводена од Спасовски, на денот на одбележувањето на годишнината од убиството на осумината полицајци во кумановското „Диво Насеље“ им одаде почит на Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Жарко Кузмановски и Бобан Ивановиќ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.