25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Став на Првиот потпретседател на Владата, Aртан Груби во врска со средбата Ковачевски – Блинкен

Денешната средба во Вашингтон помеѓу Премиерот на нашата земја, Димитар Ковачевски и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен е израз на директната поддршка и потврда на конзистентниот став на Стејт департментот и Белата куќа во поддршка на нашите напори за интеграција во Eвропската Унија.

Надминавме многу предизвици и донесовме храбри одлуки како земја со поддршка на Соединетите Американски Држави и како резултат на ова искрено партнерство сега сме дел од НАТО и го започнавме процесот на преговори за интеграција со Европската Унија.

Нашата соработка ќе продолжи уште посилно, посебно во овие клучни околности за одржување на стабилноста и зајакнување на безбедноста на регионално и глобално ниво.

Секое достигнување на нашата земја е резултат на мирољубивиот демократски придонес на САД, на кои им изразуваме длабока благодарност.