Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ:
Со измените на петте закони кои влегуваат во собраниска процедура, создаваме можности за побрза и поевтина изградба на делниците од коридорите 8 и 10 Д.
Станува збор за најголемата инвестиција во инфраструктурата, вредна 1,3 милијарди евра, од кои најмалку 51 отсто, или над 600 милиони евра ќе завршат кај домашните градежни компании.
Коридорот 8 ЕУ го признава како европски коридор со геостратешка важност, па оттаму, измените на овие закони се носат со европско знаменце.
Носењето на законските измени е да на дозволиме да се повтори катастрофата со автопатот Кичево – Охрид, каде се пробија многу рокови, а поради несоодветниот проект, се потрошија стотици милиони евра повеќе од предвиденото на почетокот.
Со потребните законски измени, ќе се унапредува ефикасноста во изградбата на целокупната патната, железничката и енергетската инфраструктура во иднина.
Односно, сите стратешки проекти од национален интерес, сите проекти финансирани од ЕУ и од релевантни меѓународни финансиски институции ќе се реализираат согласно новиот пристап кој ќе биде далеку поефикасен и поефективен.
Почитувани, со изградбата на коридорите, нашата држава станува вистински кружен тек на Балканот.
Освен подобро поврзување овој проект обезбедува и економски придобивки преку раст на БДП од два отсто годишно и отворање на најмалку 8.000 работни места.
Сите пратеници низ аргументирана дискусија да дадат поддршка на законските измени, со цел да се заштедат 150 милиони евра народни пари и две години од изградбата, што би се случило доколку овие измени не бидат донесени.