26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ДУИ: Законите овозможуваат брза и евтина градба, ВМРО ги оштетува граѓаните над 150 милиони евра и плус две години

Демократската Унија за Интеграција смета дека вчерашната одлука на Владата на Република Северна Македонија за усвојување на законите за работни односи, за градба, за урбанистичко планирање, експропријација и специјалниот закон, е одговорна одлука во интерес на граѓаните за ефективни инститицуии и процедури.

Законот за работни односи овозможува работникот, по своја претходна писмена согласност и со целосно платено дополнително работно време, да може да работи дополнителна работа, при што мора да се почитуваат одредбите за 12 часовен одмор и 24 часа слободни во текот на неделата.

Другите законите овозможуваат олеснување и поедноставување на инститиционалните процедури за сите национални и стратешки проекти на земјата, не само на изградбата на коридорите 8 и 10 – Д, туку и за железниците, проектите во енергетиката, гасоводот, итн.

Неразумната и неразбирливата блокада на ВМРО и Левица ја чини безпотребно државата и граѓаните над 150 милиони евра поскапа изградба и над две години по долга изградба.

ВМРО ДПМНЕ и Левица блокираат активно во Собранието над 500 милиони евра проекти за граѓаните и државата, без никаква причина и само за да предизвикаат неуспех на проектите за граѓаните од ниски дневно политички мотиви.

Ова граѓаните треба да го знаат и ќе го казнат на избори, се вели во соопштението од ДУИ.