24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Надзорот за Моравски коридор изнесува 2,7% од вредноста на автопатот, наспроти 1,69% во случајот со нашите коридори 8 и 10-д

Српскиот претседател Вучиќ денеска со церемонија и народна прослава го пушти во употреба автопатот Моравски коридор кој го градеше компанијата Бехтел. На прославата присуствува и американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, како и британскиот Шан Меклаод.

Автопатот е најширок во Србија, а на речиси 17 километри автопат што денеска се отворени, има 7 моста, 3 надвозници, 6 столбови од плочи и 3 потпорни ѕидови.

Вкупната вредност ќе изнесува 740 милиони евра. Надзорот за Моравски коридор е проценет на 20 милиони е евра што е 2.7% од вредноста на автопатот.

За споредба, вредноста на надзорот коридоротите 8 и 10-д кај нас е 22,3 милиони или 1,69% од вредноста на договорот.

Споредба со други цени н чинење на надзорот во регионот:
· Изградбата на автопатот во Србија, Просек – Димитровград / Коридор 10, чинела 350 милиони евра, а надзорот – 19,24 милиони евра или 6 отсто од вкупната вредноста на автопатот.
· Автопатот Прњавор – Добој, во Босна и Херцеговина, чинел близу 199 милони евра, надзорот наплатил 7,43 милиони евра или 3,7 отсто од вкупната инвестиција.
· Автопатот Подгорица – Матешево ја чинел Црна Гора речиси 810 милиони евра. Надзорот за автопатот чинел 22,6 милиони евра, што изнесува 2,8 отсто од вкупниот износ.
· Изградбата на втопатот Решен – Калимаш во Албанија чинела 820 милиони евра, надзорот наплатил 15 милиони евра, или 1,8 отсто од вкупната инвестиција.