Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
27 април е најцрниот, најкрвавиот датум во современата македонска историја.
Пред шест години, овде, во македонското Собрание го видовме вистинското, насилничко и режимско лице на ВМРО-ДПМНЕ.
Вооружени насилници под контрола на ВМРО-ДПМНЕ насилно упаднаа во Собранието, со цел да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во Собранието, да го загрозат уставниот поредок па дури и да предизвикаат граѓанска војна.
Само за они да продолжат да крадат, да пробаат да се спасат од правдата и да ја држат Македонија во залижништво.
Да, ВМРО-ДПМНЕ го смисли и го спроведе крвавиот 27 април.
27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ од кој оваа партија и ден денеска не сака да се откаже.
Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, ниту милиметар, тоа е истата режимска и насилничка партија.
Партијата предводена од Христијан Мицкоски кој и самиот беше надвор во толпата денес се уште е на страната на осудените насилници.
Наместо осуда, наместо извинување, ВМРО-ДПМНЕ денеска ги слави осудените насилници, нарекувајќи ги уставобранители, лицата кои се обидоа да го суспендираат уставниот поредок.
Бараат амнестија за нив, па дури и злоупотребуваат општински, народни пари, за да ги наградат.
СДСМ нема да дозволи 27 ми април да се заборави, нема да дозволи никогаш да се повтори.
За крвавиот четврток има ефективни затворски казни за извршителите.
Секој, од нарачателите на овој грозоморен чин во македонската демократија до извршителите мора да одговораат.
27 април – никогаш повеќе!