3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери на Вјоса Османи ѝ ја честита визната либерализација за ЕУ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, која престојува во дводневна официјална посета на земјата.

На средбата присуствуваа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, и претседателот на пратеничката група за соработка со собранието на Косово, Африм Гаши.

Претседателот Талат Џафери упати честитки за визната либерализација со Европската Унија, со која граѓаните на Косово ќе може слободно да патуваат во земјите на ЕУ и оцени дека одлуката е од суштинско значење за интеграцијата на Косово во ЕУ. Тој изрази задоволство од одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово на сите полиња и големиот интензитет на меѓусебни средби на високо политичко ниво. Пријателските односи се пресликани и во плодната и фреквентна соработка на парламентите во двете држави, меѓу претседателите на двата законодавни дома, комисиите и групите за пријателство и соработка.

Џафери нагласи дека принципиелно ги подржуваме евро-атлантските аспирации на Република Косово и подготвени сме да ги пренесеме стекнатите знаења и искуства на тој план. Истакнувајќи дека двете земји се активни учеснички во Берлинскиот процес, тој информира дека Собранието на Република Северна Македонија ги ратификува трите договори за меѓусебно признавање на личните карти, универзитетските дипломи и професионалните квалификации меѓу земјите од регионот.

Џафери го поздрави постигнатиот договор за прифаќање на предлогот на ЕУ за нормализирање на односите меѓу Kосово и Србија и нагласи дека како претседавачи со ОБСЕ подготвени сме да ја помогнеме имплементацијата на одредени делови од договорот. Информира дека земјата од 1 јули годинава ќе го преземе претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, каде што на еднаква основа учествуваат сите земји од регионот.

Можеби ќе ве интересира

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК

Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово

ДЕСК

СДСМ: Говорот на омраза се засилува пред избори, силно ги осудуваме навредите на кошаркарскиот меч во Куманово

ДЕСК