Тетовска е приведена по напад врз мајка си во семејниот дом.
Случајот во полицијата го пријавила мајката.
„Вчера (24 април), околу 19.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 36-годишната тетовка Х. Е., која била пријавена од својата 64-годишна мајка дека во домот физички ја нападнала“, велат од МВР.
Се расчистува и документира случајот.