Основното јавно обвинителство Тетово до Основниот суд во Тетово поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривични дела – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1, како и Неовластено снимање според член 152 став 2 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.
„Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права“, велат од Обвинителство.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.