23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Добра вест: Значително намалување на бензинот – познати новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05% во однос на одлуката од 18.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,118%, кај дизелот за 2,823 %, кај екстра лесното масло за 2,702% и кај мазутот има зголемување за 1,511%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,713%

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 21.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 85,00​ (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 74,00 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 41,409 (денари/килограм)