Синоќа, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го уапсиле А.О. во возраст од 20 години од Скопје, поради пронаоѓање на прашкаста материја кај него.
Следниот случај се случил околу 01.30 часот оваа ноќ, каде полициски службеници го уапсиле Р.А. во возраст од 22 години од Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Центар, поради пронаоѓање на марихуана кај него.
Од полицијата изјавита дека ќе следи соодветен поднесок по целосното документирање на случајот.