Игор Пехчевски е во стабилна состојба и утре ќе биде пуштен дома, вели во допис до медиумите Д-р Стојка Нацева Фуштиќ, в.д. Медицински директор на Универзитетската клиника за детски болести.
Нејзината реакција следи по објавите на социјалните мрежи и дел од медиумите дека неговата состојба е критична.
„Како одговорен доктор за неговото здравје додека е хоспитализиран на Универзитетската клиника за детски болести , сакам да изјавам следното: И.П. е во стабилна состојба, со умерено засегната белодробна функција (FEV1=70% од предвидениот) и е предвиден за испишување од клиниката утре (15.04.2023). Со спроведување на препишаните терапии и редовна физикална терапија, може да се одржува стабилен“, вели Нацева Фуштиќ.
Модулаторната терапија (Kaftrio во комбинација со Kalydeco) ќе започне да ја прима кога ќе биде достапна и за пациентите со умерена белодробна болест.
Фуштиќ додава дека во првата фаза започнале со терапија кај пациентите со потешка белодробна болест (FEV1 околу 40 отсто од предвидениот).