Утре времето ќе биде сончево и топло.
Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд.
Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час). Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето.
Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи.
Прогноза за 14.04.2023
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 19°C
Променливо облачно, на повеќе места со поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час).
Прогноза за 15.04.2023
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 15°C до 21°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Прогноза за 16.04.2023
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 19°C
Променливо облачно со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.