24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Рамо до рамо со граѓаните на Битола: Заеднички за европска македонска иднина

Генералениот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, заедно со претседателот на Комисијата за транспорт и врски, Митко Трајчулески денеска беа рамо до рамо со граѓаните на Битола.

На маалски средби во Јанимале и населбата Нова Битола заедно со граѓаните се разговараше за досега спроведените мерки на СДСМ и успешното справување со енергетската криза, за европската иднината на земјата, како и за политиките што следуваат во наредниот период.

Зечевиќ истакна дека партијата е постојано на терен да слушне гласот на граѓаните, да разговара, но и да каже дека СДСМ е подготвена да го води процесот за продолжување на европскиот пат и исполнување на оваа важна стратешка и национална цел.

– Рамо до рамо до победа е наша цел, наша определба, до конечна победа за европска Македонија. Ние немаме друга алтернатива. Со Договорот од Фронтекс добивме македонски јазик и писмо во ЕУ. Сега треба пред крајот да се уништи целата работа? Не. Ние мора да продолжиме по вистинскиот, по европскиот пат. На крајот на краиштата тоа било и децениска желба на нашите предци. Знаеме колку е важна европската иднина за сегашните но многу повеќе за идните, македонски генерации. Да не останеме земја без народ а нашите генерации да бидат надвор. Ние мора да направиме се, Македонија да продолжи да оди напред и никогаш повеќе да не се врати назад. СДСМ го води овој процес, затоа што СДСМ е партија на народот, која државотворно се однесува денеска како и во сите премрежја од современата македонска историја, рече Зечевиќ.

Мора да бидеме мудри, на ова Балканско буре барут, за Македонија како наше семејство да ја сочуваме. За век и на век. Со заштитен и признаен македонски идентитет, вграден во идентитетот на Европа! Да го мобилизираме целото општество околу европскиот концепт, да разговараме со сите, дури и со членовите на ВМРО-ДПМНЕ и да ги изодиме сите чекори, заедно да обезбедиме нова победа за европска република, порача Зечевиќ.

Во општина Могила меѓу граѓаните беа Виктор Велевски и Размена Чекиќ кои со присутните разговараа за успешноста на економските мерки на СДСМ за помош на граѓаните и компаниите во време на светска економска и енергетска криза.