25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Здруженијата за заштита на животни молчат за убиството на детето во Пинтија

Срамниот и неодговорен однос на здруженијата поборници на заштита на животните по трагедијата што се случи во населба Пинтија откако осумгодишно дете беше до смрт искасано од куче булмастиф дополнително ги разгневи граѓаните.

Бројни се коментарите на граѓани кои ги повикуваат здруженијата за заштита на животните а пред се Анима мунди, јавно да реагираат и во најмала рака да изразат сочувство кон семејството на починатото дете, особено што овие здруженија се прилично гласни и упорни во јавноста, кога ќе се појави случај на убиено или повредено куче.

Сепак, до објавувањето на овој текст на официјалната страница на Анима мунди освен вообичаените повици за вдомување, немаше никаква објава поврзана со трагедијата во Пинтија.

Кучето кое уби дете е од расата блумастиф една од поагресивните раси на кучиња кои во многу земји во Европа е забранета за чување и одгледување.

Во Македонија оваа раса е доста присутна, а законските обврски за сопствениците на кучињата од агресивни раси се прилично лабави, па овој трагичен случај уште еднаш потсетува дека е потребен нов пристап во легислативата која се однесува на животните, особено на ваквите раси на кучиња.

извор: 24Инфо.мк