8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Шајн: Имаше обиди за разбивање на ‘Отворен Балкан’, но сега јасно се прикажани успесите од иницијативата

Кога Србија и Албанија седнаа на иста маса во октомври 2019 година, никој не веруваше дека овие две земји ќе си подадат пријателска рака и ќе воспостават заедничка регионална иницијатива „Отворен Балкан“ со Северна Македонија, оценува колумнистот Жељко Шајн. Според него оваа иницијатива на Србија, Албанија и Северна Македонија ги отвори вратите и за другите соседи, со заедничка цел: да се имплементираат четирите слободи на ЕУ што е можно поскоро во регионот на Западен Балкан – движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, со цел да се олесни животот на граѓаните и да се подобри бизнисот.

-Иако има политички несогласувања меѓу членките на „Отворен Балкан“ – Албанија и Северна Македонија го признаа Косово како независна република, тие се и членки на НАТО, за разлика од Србија, која одржува воено неутрална политика – овие три земји најдоа заеднички јазик. За да постигнат просперитет на нивните земји тие делуваа преку заедничко дејствување во рамките на „Отворениот Балкан“, покажувајќи единство на европскиот пат, особено во Брисел. Но, имаше и противници на ваквата заедничка акција и обиди за разбивање на „Отворениот Балкан“. Имено, под изговор дека има поддршка од САД, министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервела Шварц, силно побара од тогашниот премиер Заев, Северна Македонија да излезе од иницијативата „Отворен Балкан“, во спротивно, како што рече таа, ‘ ќе се справи со нив’. Сепак, политичарката изненадена од силната поддршка на Заев кон Вучиќ и Рама, ја напушти Северна Македонија. Времето покажа дека Американците од самиот почеток ја поддржуваа оваа иницијатива, како и дека со своето однесување Гервела, Курти и Тача беа послушници на оние кои секојдневно наоѓаа разни изговори за одложување на приемот на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а се појасно е дека потегот на Вучиќ, Рама и Заев, а сега и Ковачевски – е визионерски, пишува Шајн.

Тој додаде дека успесите на оваа иницијатива беа претставени на неодамнешната трибина во Бања Лука за „Отворен Балкан“ во организација на Здружението на млади економисти на Република Српска.
– Меѓу учесниците на панелот беа Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија во Владата на Србија, Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Северна Македонија и домаќинот Златан Клокиќ, министер за европска интеграција и меѓународна соработка во Владата на Република Српска. Од нивната дискусија може да се заклучи дека е неопходно Босна и Херцеговина и Црна Гора што поскоро да се приклучат на иницијативата „Отворен Балкан“ за да се промовира слободата на животот и што поскоро да се приклучат кон ЕУ, бидејќи само солидна економија е основа на сите перспективи и зајакнување на мирот, заклучува Шајн.

Спонзорирано: