Денеска, на 8 април се одбележуваат 30 години од приемот на нашата држава во Организацијата на Обединети Нации, под привремената референца “Поранешна Југословенска Република Македонија”. Денес одбележуваме 30 години полноправно членство во ООН како Република Северна Македонија напиша Спасовски.
Во приемниот говор во ОН, претседателот Глигоров ги постави темелите на нашите вредности и ги зацрта нашите најважни приоритети во надворешната политика, на кој и денес сме посветени и кои неуморно ги реализираме. Тој истакна дека со самостојноста и членството во ОН “се круниса повеќевековниот стремеж на македонскиот народ и неговата 130-годишна борба за слобода и независна држава”. Воедно, тој кажа и дека “за нас највисока цел претставува остварувањето на човековите права и особено на правата на националностите и етничките групи што живеат во Република Македонија. Таа денес е татковина на македонскиот народ, на Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите… Во тој дух ќе го јакнеме Балканот на добрососедство и на пријателство”.
overlay-cleverCloseClose
Поставивме пример за другите дека преку меѓународна соработка и дијалог, со разбирање и толеранција, можат да се решат најгорливите прашања и да се добијат нови пријатели и сојузници. Активно ја развиваме регионалната соработка во функција на мирот, безбедноста и просперитетот на сите граѓани во регионот.
Како што кажа Претседателот Глигоров, во 1993 година, “Република Македонија сака и е подготвена да го даде својот придонес во решавањето на меѓународните конфликти во согласност со резолуциите на Советот за безбедност, во интерес на мирот и на безбедноста”.
Денес, кога сме 30та земја членка на НАТО, рамноправно ќе го даваме нашиот придонес заедно со нашите сојузници во најмоќната политичка и воена алијанса во историјата на човештвото за одржување на безбедноста и мирот во светот.
Воедно, Глигоров ја посочи и втората цел, “Република Македонија како европска држава се стреми да стане член на Заедницата на европските народи”.
И оваа стратешка цел од интерес за сите наши граѓани ја остваруваме, во преговори сме со ЕУ за полноправно членство, силно посветени во градењето на Европска Македонија.
Фејсбук статус на Оливер Спасовски,