Обраќање на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски
Почитувани граѓани, почитувани, медиуми, почитувани партиски другари и другарки од СДСМ.
СДСМ е државничка партија којашто заедно со граѓаните успеа во тешки моменти за земјата да ја одржи економијата и напредокот по вистинскиот, по европскиот пат.
Најтешкото е зад нас но предизвици за македонската иднина се уште постојат.
Потребна е сплотеност, заедништво и мобилизиција на целото македонско општетство за нова победа на државата!
СДСМ од денеска е на терен. Рамо до рамо со граѓаните започнуваме со интензивни теренски активности.
Во секое населено место, во секоја уличка, куќа, зграда, во секое маало, во секоја урбана заедница. Таму каде што ни е местото, меѓу народот, со граѓаните.
Рамо до рамо со народот, со сите граѓани, ќе посетиме 946 населени места ширум татковината.
Да разговараме со нив, да го слушнеме нивниот глас за се она што им е важно.
Да дадеме отчет за сработеното во изминатата година, но и кажеме што следува во наредниот период.
Ние, македонските социјалдемократи, во овие 946 населени места доаѓаме со сиот наш потенцијал, со нашите пратеници, советници, со нашите ракодовства и одговорни претставници, со се што располагаме.
Секој ден ќе бидеме рамо до рамо со народот. Заради подобра иднина на таковината а не затоа што наредната година има избори.
Почитувани граѓани,
Доаѓаме со крената глава. Да ве слушнеме, да ви дадеме отчет за сработеното, да ви кажеме што следува во иднина.
Ќе слушаме внимателно и внимателно ќе говориме.
Имаме што да кажеме, но и да чуеме.
Успешно се справивме со економската и енергетска криза, со пакет антикризни мерки вредни 760 милиони евра.
Целта е постигната. Никој не беше оставен сам во оваа криза.
Ниту фалеше храна, ниту снема струја. Рестрикции немаше, а струја и парно има и тоа по цени кои не се покачија.
Производство на електрична енергија е зголемено на историски највисоки ниво, а сметките за домаќинствата за струја и парно се исти. Сметките за струја на 72 000 компании во државата кои вработуваат 98 посто од вработените се намалени за 20%.
Го заштитивме стандардот на граѓаните. Не дозволивме профитерство врз грбот на народот и цените на производите ги намаливме. Инфлацијата е веќе зауздана.
Но она што сигурно остана – деструктивната континуирана омраза на опозицијата кон народот преку апокалиптични сценарија за колапс, рестрикции и недостаток на храна.
Граѓаните денеска прават разлика за тоа кој седи на страна и блокира, а кој менаџира процеси во криза.
Деструктивниот, потпалувачки опозициски наратив, под секое ниво не е добар за општеството и има само една цел – да ја уназади европска Македонија.
Но ние тоа на пироманите од Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да им го дозволиме.
СДСМ е рамо до рамо со граѓаните и да ги разобличиме промашените пропаганди, да ги трасираме победничките политики! Да го поразиме евтиниот популизам.
Македонската држава е фактор на стабилност во регионот, претседавач со ОБСЕ и кредибилен партнер на ЕУ и САД. На иста маса, рамо до рамо со големите демократски сили.
СДСМ рамо до рамо со граѓаните.
Доаѓаме со јасна порака – напредокот продолжува. Големи промени очекувајте во оваа и наредната година. Економијата ќе продолжи да расте и да се развива, продолжува растот на платите и на пензиите. Продолжуваат инвестициите. Вчера го започнавме најголемиот инвестициски проект во историјата на нашата држава. Проект вреден 1 милијарда и 300 милиони евра, коридор 8 и коридор 10Д. Многу скоро ќе означиме и почеток на изградба на автопатот Прилеп-Битола. Сите инвестиции којшто се планираат да започнат оваа година се со вкупна вредност од 2 милијарди евра.
СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднината на земјата. Ќе направиме се да го продолжиме патот кон Европа. И покрај евтиниот популизам и непромисленоста од лажните патриоти и националисти, да ги преминеме сите препреки кои ќе наидат на нашиот пат.
Рамо до рамо со народот, ќе продолжиме да се бориме за подобро утре и да ја завршиме работата, затоа што тоа им го должиме на нашите деца, на сегашните и идни генерации.
Рамо до рамо до победа! Победа за европска република, за европска Македонија!
линк до видео:https://youtu.be/apUii9VQX9s