22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Патоказите за владеење на право, демократски институции и реформа на администрацијата ќе бидат листа на задачи

„Пред неколку дена добивме табела како треба да изгледа Патоказот за владеење на право, што значи во следниот период, со претставници на инситуциите, но и видни експерти од бласта ќе треба да креираме листа на задачи до нашето членство во Еворпската Унија. Со усвојувањето на овој и другите два патокази – за демократски институции и реформа на јавната администрација, практично ние ќе ги исполниме условите за отворање на првиот кластер“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за „ИМА“.

Тој додаде дека Патоказот за владеење на правото ги покрива Поглавјата 23 и 24, односно правосудство и темелни права, како и правда, слобода и безбедност.

„Сите оние правила врзани со Шенген, но и независност на судството, ефикасност на судството, борба против корупцијата, слобода на медиумите, малцински права, правата на сите видови на малцински заедници —не само етнички, туку и сите други видови на заедници ќе бидат посебно третирани, ќе имаат посебно внимание и ќе треба да изработиме во рамките на тој патоказ за владеење на правото, акциски план за малцински групи“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека државата ќе изработи првична верзија на тој патоказ, а по скрининг извештајот на Европската комисија за првиот кластер, ќе се видат забелешките или задачите за тој патоказ, ќе се направат споредби и тој документ ќе биде испратен на усвојување од страна на Советот на министри на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК