Рекордни 81,10 проценти од македонските граѓани доколку се одржи утре Референдум за членство во Европската унија би гласале Северна Македонија да стане членка, а сами 11,20 проценти би гласале против.
Ова го покажуваат податоците од неодамна објавеното Европско општествено истражување, кое беше презентирано месецов и во земјава во кое за првпат учествуваше и Северна Македонија. Станува збор за голема компаративна анкета која се спроведува повеќе од 20 години во Европа. Последниот бран од истражувањето беше спроведено на крајот на 2021 и почетокот на 2022 година од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања од Скопје, преку теренска анкета на примерок од 1.429 испитаници. Во последното истражување ставовите на македонските граѓани се споредуваат со ставовите на 24 европски држави.
Исто така истражувањето покажува дека Во Северна Македонија има поголемо расположени да се биде дел од ЕУ отколку во Швајцарија и Норвешка, поточно компаративната анализа покажува дека доколку утре се одржи референдум во врска со членство во Европската Унија, само 12 проценти од жителите на Швајцарија би гласале за, односно 22,90 проценти од жителите на Норвешка. Исто така истражувањето покажува дека во Србија е многу помал процентот на желба за членство во ЕУ, поточно само 46,40 проценти од граѓаните се за, додека пак 36,90 се против.
С.Т
извор Градска.мк