24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Симптом кој може да укажува на дијабетес

Многу е важно навреме да откриете дека имате проблем со шеќерот. Почести симптоми на дијабетес се постојано чувство на замор, проблеми со мочниот меур, чести патувања во тоалет и бавно зараснување на раните.

Некои лекари предупредуваат дека на кожата може да се појави еден од првите симптоми на дијабетес тип 2. За жал, овој симптом многумина го игнорираат. На што треба да внимавате доколку се сомневате дека имате проблем со шеќерот се темни дамки на кожата.

Кај 90 проценти од пациентите со оваа дијагноза се евидентирани промени на кожата во вид на потемни, бордо или црвени траги кои предизвикуваат чувство на чешање. Тие обично се појавуваат на вратот или наборите.

Во многу случаи, ова е првиот симптом на дијабетес. Најчесто се појавува на делови од телото како што се пазувите, препоните, меѓу прстите на рацете или нозете, но може да се појави и на вратот. Доколку забележите ваква промена на кожата која трае со денови, би било добра идеја да го проверите вашето здравје.