Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег. Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 70 км/час. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Прогноза за 28.03.2023
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 12°C
Променливо облачно и студено со силен ветер од северен правец, на повеќе места со брзина и над 70 км/час. Во југозападните и крајните западни делови со услави за провејување на слаб снег.
Прогноза за 29.03.2023
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 7°C до 15°C
Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 30.03.2023
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.