24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мијалков доби конечна слобода за апсењето на Бошкоски, Апелација ја потврди пресудата

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-274/22, во јавноста познат како „Тортура“, по одржана јавна седница и разгледување на жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, одговорот на жалбата на обвинетите и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, со кој предлага да се одбие како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, а првостепената пресуда да се потврди, по одржаните советување и гласање на 7.2.2023 година, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К. бр.1959/17 и К. 528/18 од 23.7.2021 година.

Советот на Апелациониот суд Скопје утврди дека првостепената пресуда е јасна, разбирлива, подобна за испитување, не содржи суштествени повреди на одредбите на ЗКП, а фактичката состојба е правилно утврдена, при што првостепениот суд утврдил поинаква фактичка состојба од изложената во поднесениот и прецизиран обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Скопје.

Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб-страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.