24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

62 дилери лишени од слобода на територија на СВР Битола во првите два месеци од годината

Во текот на првите два месеци од 2023 година на подрачјето на СВР Битола во врска со недозволена трговија со дрога од слобода биле лишени од слобода 62 лица (40 во Битола и 22 во Прилеп), биле извршени 13 претреси на домови и други простории(8 во Битола и 5 во Прилеп) и биле извршени 97 прегледи на лица и возила во Битола. Во овој период, исто така за сторени кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, поднесени се вкупно 24 кривични пријави (Битола-14, Прилеп 9, Крушево1) за сторени 29 кривични дела против 35 сторители (Битола 22, Прилеп 10, Крушево 3) при што пронајдени и одземени се марихуана, хероин, кокаин, амфетамин, метаамфетамин, таблети МДМА…