25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Битиќи: Владата не дозволи проектот за пречистителна станица во Скопје да биде загрозен и да не се реализира

Како Влада не дозволивме проектот за пречистителната станица на Град Скопје да биде загрозен и да не се реализира, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Тој во објава на Фејсбук потсети дека оваа година слоганот на кампањата за Светскиот ден на водата е – „Биди промената“.

„Водата е еден од најскапоцените ресурси на планетата. И затоа на нас е да бидеме промената со која ќе придонесеме да ја чуваме и паметно да ја користиме. Тоа да стане дел од нашата култура и нашиот живот.

Она што треба да биде наша обврска и за којашто јас лично ќе се залагам, е колку што ќе растат потребите за вода, со иста таква динамика да растат и да се зајакнуваат нашите навики и капацитети за функционална, одржлива, ефективна и сигурна водна инфраструктура за максимално да ги намалиме загубите на водите.

Затоа како Влада не дозволивме проектот за пречистителната станица на Град Скопје кој во 2020 година ја доби втората (сребрена) награда на Sustainability Awards 2020, што ја доделува Европската Банка за обнова и развој, во категоријата климатска обнова и одржливост, во конкуренција од 47 номинации, да биде загрозен и да не се реализира.

За вредноста и значењето на овој проект говори и грантот од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на ЕУ доделен за Северна Македонија со што се комплетира финансирањето на проектот. Со тоа Пречистителната станица за третман на отпадните води за градот Скопје станува реалност, бидејќи без изградба на пречистителни станици за отпадни води, земјата не може да ги задоволи европските еколошки стандарди со кои ќе мора да се соочи за време на скринингот и затворањето на поглавјата во преговорите за членство во ЕУ.

Да бидеме промената и одговорно и разумно да се однесуваме кон водата што живот значи и да ја користиме паметно“, истакна Битиќи.