25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Платите и пензиите растат, додека цените на основните прехранбени продукти се намалуваат, вели Каевски

Изјава за медиуми, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:

СДСМ на дело покажува вистинска грижа за сите граѓани.

Во време кога се уште се соочуваме со последиците од глобалната економска криза, преку конкретни мерки и политики го штитиме стандардот на граѓаните.

Владата донесе одлука со која се замрзнуваат цените на јајцата од кокошка и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година и оваа мерка ќе биде со важност до 30 април 2023 година.

Претходно со одлука на Влада беше дефинирана максималната цена на лебот од 450 грама на 33 денари, а намалени се цените и на тестенините и на млекото и млечните продукти за 15, односно за 10 отсто.

Истовремено, растат платите и пензиите за уште повеќе пари во семејните буџети.

Од овој месец минималната плата изнесува 20.175 денари, што е зголемување за над 2.000 денари од досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари.

Исто така од овој месец се зголемуваат и пензиите за рекордни 8,4 отсто, што значи дека просечната пензија ќе се зголеми за над 1.500 денари.

Сето ова е доказ дека македонската економија е стабилна, доказ дека Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски успешно менаџираат во време на светска економска криза.

Ние како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на сите граѓани.