Социјалдемократски мерки за граѓаните.
Владата предводена од СДСМ, изминатиот период успешно се справуваше економската и енергетска криза која е невидена во поновата светска историја.
Опозицијата која блокираше се’ што е во полза за граѓаните и хистеризираше дека оваа зима ќе нема леб за јадење, ќе нема струја направи досега невидено промашување.
Историски раст на минималната плата и пензиите среде криза
Платите и во криза растат, заедно со пензиите.
Минималната плата, ако во 2014 била 8.800 денари, во 2016-та била 10.000 денари, истата денес изнесува 20.175 денари, а од следната година ќе достигне над 23.000 денари.
Најголемиот раст се случува буквално за владеењето на СДСМ од 2017-та наваму. Според познавачите се работи за огромен успех бидејќи минималната плата силно растела за време на коронавирус и економската криза кои траат повеќе од 3 години.
Пораснаа и пензиите. Само овој месец тие ќе пораснат за 8,3 проценти.
Во оваа 2023 година освен оваа мартовско усогласување на пензиите, уште едно ќе следи во септември, усогласено според трошоците за живот и порастот на просечната плата.
Што значи за една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16% или од првиот ден на новиот состав на Владата, јануари минатата година со покачувањата на пензиите кои се случија во минатата година, во март и во септември, заедно со ова покачување и покачувањето кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25% што никогаш досега во историјата на државата се нема случено.
Денес 2,1 минимални плати се потребни за потрошувачка кошничка, додека за време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ беа потребни дури 4,5 минимални плати за да се покрие тогашната кошничка.
Мерки за намалување на цените на лебот, храната и разуздување на профитерите
Владата донесе одлука со која лебот беше намален од 45 на 33 денари.
Донесени беа мерки и за намалување на млекото, млечните производи и тестенините.
Млекото беше намалено за 8-10 денари, јогуртот за 10 денари, кашкавалот за 40 денари, додека тестенините од 10 до 15.
Владата изминатиот период успеа да го разузда и феноменот на профитерство од страна на одредени бизнисмени преку најавата за казни до 10.000 евра за кршење на мерките.