Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Испитниот материјал за државната матура е соодветен на воспитно – образовниот процес на учениците кои матурираат годинава

Министерството за образование и наука информира дека испитниот материјал за полагање на државната матура во учебната 2022-2023 е соодветен на случувањата во училиштата во целиот изминати период на образование на оваа генерација матуранти.

Испитните комисии кои ги подготвуваат прашањата, имаат предвид дека наставата повремено се организираше онлајн поради пандемијата со Ковид и поради заканувачките дојави, а повремен прекин се случи и поради штрајк на наставниот кадар. Прашањата ќе се однесуваат исклучиво на најважните аспекти, податоци и информации од материјалот кој учениците го совладале во четирите години од нивното средно образование.

Олеснителна можност беше дадена и пред две години, кога се одлучи наместо три екстерни и еден интерен предмет, матурантите да полагаат два екстерни и два интерни предмети, концепт по кој полагаат и годинешните матуранти.

Датумите за полагање на испитите се дефинирани во Календарот за организација на работата на јавните средни училишта во учебната 2022-2023 година и учениците имаат доволно време да се потсетат на тоа што веќе е поминато и научено.

Министерството за образование и наука го цени мислењето на средношколците и затоа тие се дел од креирањето на образовните политики. Во таа насока, денеска на барање Организациіа за дијалог и афирмација на средношколците и студентите ОДАС , беше одржана средба во чиј фокус беа подготвителните активности за организирање на процесот на полагање државна матура во учебната 2022-2023 година.

Исто така МОН во наредниот период ќе организира состаноци и со Сојузот на средношколци како и други засегнати институции во овој процес .

Двете страни се согласни дека државната матура е важен процес, затоа што значи заокружување на средното образование и е основен услов за запишување на високообразовна установа. Полагањето ќе се одржи, без притоа ниту еден ученик да биде оштетен по било кој основ.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Четири хороскопски знаци ги чека април за паметење: Доаѓаат успеси и голем напредок

Овој април ќе биде особено успешен и корисен за четирите знаци кои ќе доживеат голем напредок. Иднината не може да се предвиди, но ако им се верува на астролошките прогнози… Прочитај повеќе

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики… Прочитај повеќе

Дали ги користите двете раце или само палецот? Што кажува начинот на кој ги пишувате пораките за вашата ЛИЧНОСТ

Откријте каква личност сте. Сите ние поминуваме многу време и на социјалните мрежи и пишувајќи пораки. Во зависност од тоа како ги пишувате, можете да одредите какви сте како личност.… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе