Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски на прес со Борел и Вархеји: Единствена пречка на патот кон ЕУ е однесувањето на опозицијата

„Имаме јасна преговарачка рамка која што е усвоена од страна на сите 27 земји членки на ЕУ. Не постои никаква пречка за одржување на втората меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ и отворање на поглавјата по завршување на скрининг фазата. За прв пат може да се случи да самите себе се блокираме заради неодговорно, неодлучно и нестратешко однесување на опозициските партии во државата“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција со потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел и комесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Тој додаде дека не смее да дозволиме сами да си го блокираме патот кон ЕУ и повика опозицијата час поскоро да се вклучи во процесите на одлучување со цел носење на сите важни одлуки.

„Овој процес не е процес на еден човек, една политичка партија или на една влада. Ова е проес за целата држава. Обврска на сите политички партии и сите пратеници во Собранието е да се носат одлуки со кои се обезбедува стратешката цел на државата, а тоа е членството во ЕУ“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека е уверен оти во нашето Собранието постои капацитет и визија да се донесат потребните одлуки со кои државата ќе го продолжи и успешно ќе го заврши зачленнувањето во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК