Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Собранието ги изгласа законските измени за побрз пристап до лекови за ретките болести

Собранието ги донесе измените на законите за здравственото осигурување и за лековите и медицинските средства, со кои ќе може директно да се набавуваат лековите за ретките болести.

Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка, беше усвоен едногласно, со поддршка од 81 пратеник.

За предлог-законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, гласаа 82 пратеници.

Со дополнувањето на Законот за лековите и медицинските средства ќе биде овозможена директна набавка на лек преку посебни договори меѓу државата и производителот на иновативен лек, кој нема конкуренција на пазарот, каков што е лекот „трикафта“ за болните од цистична фиброза. Се очекува тоа да овозможи побрз и поевтин пристап до лекови, главно на оние за ретки болести.

Измените на Законот за здравственото осигурување се однесуваат на комисијата што предлага лекови што се на товар на Фондот за здравствено осигурување.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави дека дополнително ќе закаже продолжение на 106. седница, на чиј дневен ред има уште 12 точки.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК