18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Тетовското обвинителство води истрага за недозволена трговија со марихуана и напад врз полицаец

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22, додека за едното од нив и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 14 март, на локалниот пат од селото Ѓермо кон Тетово, полициски службеници запреле автомобил во кој биле двајцата осомничени. Во момент кога полицајците се обиделе да извршат контрола на возилото, возачот го ставил автомобилот во погон и почнал да се движи наназад за да избега. Полициските службеници го попречиле и забележале како совозачот од прозорецот фрлил наркотична дрога – марихуана за која подоцна е утврдено дека е со нето маса од 30,96 грама.

Еден од полициските службеници успеал да ја отвори возачката врата и му дал наредба на возачот да го изгаси автомобилот, но тој повторно тргнал напред и со задното тркало поминал преку нозете на полицаецот кој се здобил со телесни повреди. Автомобилот во кој биле осомничените удрил во полициското возило и запрел, а двајцата осомничени биле лишени од слобода.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Предлогот е прифатен и судијата со решение им определи притвор во траење од по 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК

(ВИДЕО) Вербален инцидент во Кочани: Родители на загинатите во пожарот во „Пулс“ се соочија со поранешниот градоначалник додека седеше во кафеана

ДЕСК